Александар Волкановски: Сакам да одам таму и да го повредам, да го нокаутирам

Александар Волкановски викендов полага поправен испит.

Шампионот во перо категорија ќе има реванш со Ислам Махачев, но овојпат на „непријателска“ територија. Двајцата го предводат настанот УФЦ 294 штој ќе се одржи во Абу Даби. Алекс на почетокот на годината загуби од Махачев во Австралија и не стана двоен шампион.

Сега тој добива уште една шанса, но има еден проблем. Волкановски ја прифати борбата на краток рок и немаше полн камп за Дагестанцот. Сепак, тоа не го спречува Волкановски да биде самоуверен и да излезе во потрага по нокаут.

„Ќе биде возбудливо. Очигледно сакам да одам таму и да го повредам. Ќе се обидам да не ја донесам борбата со одлука на судиите. Сакам да го завршам рано.

Не сакам да ја тестирам неговата издржливост. Едноставно, да го завршам порано. Ќе бидам опасна личност затоа што сум возбуден.

Свеж сум и физички и психички. Планирам да го нокаутирам. Ја прифатив оваа борба со насмевка на лицето. Ќе влезам во категоријата, не грижете се.

Ја прифатив борбата, а потоа се насмеав бидејќи разбирам колку е лудо ова нешто. Но, на крајот бев среќен. Мислам дека тоа ми требаше, да бидам искрен“, изјави Волкановски.

Ова најверојатно ќе биде последна шанса за Волкановски да стане двоен шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО