Волкановски: Борбата против Конор Мек Грегор има смисла

Австралискиот шампион со македонско потекло во перолесна категорија на УФЦ, Александар Волкановски, ги кажа своите размислувања за потенцијалната борба со Конор Мек Грегор.

Неодамна стана познато дека Волкановски за титулата во лесна категорија ќе се бори со Ислам Махачев. Тие се договорија да се борат во февруари на настанот на УФЦ во Перт, Австралија. Алекс ќе се обиде да го постигне она што го направи Мек Грегор во 2016 година.

„Озлогласениот“ е првиот двократен шампион во историјата на УФЦ. Тој успеа да ги освои титулите во перо и лесна категорија. Волкановски смета дека има длабока смисла во борбата меѓу нив двајца.

„Тој е единствениот шампион во перо категорија што не сум го победил. Значи, очигледно оваа борба ми значи нешто. Секако, не треба да заборавиме на парите што може да ги донесе оваа борба, како и на некои други позитивни страни.

Целиот овој циркус околу ваква борба би бил забавен. Значи, тоа би било одлично, но всушност има уште подлабоко значење за оваа борба“, рече Волкановски на Јутјуб каналот на Сабмишн радио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО