Волкановски: Попрво ќе умрам отколку да се предадам

Александар Волкановски влегува во завршна фаза од подготовките за уште една одбрана на титулата во перо категорија, а овојпат противник ќе му биде Јаир Родригез. Австралиецот со македонско потекло, пак, беше запрашан за неговата подготвеност да се брани на партер, откако ја загуби последната борба во потешката категорија против Ислам Махачев благодарение на борбата од Дагестанецот. Неговиот најзначаен настап, сепак, останува против Брајан Ортега во септември 2021 година, кога избегна навидум совршено изведена гилотина.

„Попрво ќе умрам отколку да се предадам“, рече Волк на подкастот на Џејк Пол.

„Александар Велики“ има репутација на еден од најдобрите напаѓачи во УФЦ во моментов, но без неговата совршена одбрана веројатно немаше да биде шампион скоро 4 години.

Предизвикот што го претставува Родригез, сепак, е сосема поинаков. Мексиканецот важи за најтехничкиот борец во дивизијата и дефинитивно го има потребниот арсенал за да го изненади секој противник.

УФЦ 290 ќе се одржи ноќта меѓу 8 и 9 јули во Лас Вегас, а главните борби ќе започнат во 04:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО