Дилиен Вајт е успешен во преговорите со Ентони Џошуа

Тимот на Дилиeн Вајт беше успешен во разговорите со таборот на Ентони Џошуа околу клаузулата за реванш за која се залагаше поранешниот светски шампион, објави Скај спорт.

„The Corpse Collector“ беше изненаден од подготвеноста на „AJ“ со оглед на фактот дека во нивната борба нема да биде загрозена светска титула. Тоа за малку ќе го уништеше процесот, но сега надежите за реванш од нивниот меч во декември 2015 година се живи.

Во тој меч пред 8 години Џошуа триумфираше со нокаут од 7 рунди и ја освои титулата на Британија. Мечот до ден-денес важи за една од најспектакуларните борби на „Островот“ од почетокот на новиот век.

Најверојатно, Ентони Џошуа и Дилиен Вајт повторно ќе се борат на 12 август во лондонската О2 арена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО