Воденски е „Борец на годината за деца“ во Германија

Fajter na godinata

Кристијан Воденски (10 години) е избран за „Борец на годината за деца“ во Германија од страна на специјализираната веб-страница за боречки вештини „ГФН“ (German fight news).

Vodenski dobiva nagrada z anajdobar

Во текстот посветен на наградата се вели дека чудото од дете во боречки вештини, Кристијан Воденски, е добитник на овогодишната титула „Борец на годината на GFN за деца“ и дека припаѓа на светската елита во неговата конкуренција.

„Покрај многубројните национални и меѓународни титули, малиот борец исто така беше успешен и во НАГА, престижната титула што ја освои во Германија, во Монако и НАГА-Европа во Париз. Ѝ припаѓа на светската елита во овој спорт меѓу децата, а таквите можат да се избројат на прстите на една рака. Уште еден голем успех ја прослави суперѕвездата на клубот „ММА спирит” од Франкфурт. Кристијан, и покрај многуте тренинзи, успеа да добие многу добри оценки во училиштето,” пишува во текстот по овој повод.

Kristijan vo prais

Кристијан претходно доби плакета за успешната сезона во борење (грчко-римски стил), во која нема пораз во целото првенство, бранејќи ги боите на Гризхајм. Покрај споменатите титули во граплинг (бразилско џу-џицу), малиот Воденски има титули и во други боречки вештини, како кикбокс, таеквондо, а есенва почна да настапува и во бокс.
Во 2016 година на повеќе здравје и среќа да стане голем ММА борец и да настапи на Олимписки игри под македонско знаме.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО