Ѓоргиев за изборот на Спортист на годината: Додека дишам ќе носам злато, чисто онака да ве нервирам :)))

Dimitar na piedestal na SP BG

Трикратниот светски првак во кик бокс, Димитар Ѓоргиев, по повод изборот на „Спортист на годината“ што се одржа синоќа, се јави со коментар на својот фејсбук профил.

IMG_2472

„После 3 Светски титули, освоени една по друга (Светското првенство во кик бокс се одржува на 2 години) победени се земји како: Русија, Полска, Турција, Бразил, Германија, Франција, Англија, Италија и половина земјина топка. Сфатив дека или им е премногу да го сватат/сварат резултатот, ИЛИ, можеби, ќе чекаат Leonardo Di Caprio да добие Оскар, па после ќе земат пример …. Како и да е, да знаете дека додека дишам ќе носам злато, чисто онака да ве нервирам :)))
‪„‎Спортист на Македонија 2015“, истакнува во реакцијата Ѓоргиев, кој годинава на Светското првенство во Белград ја освои светската титула, трета една по друго.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО