Вероника Костовска: Наградата е чест и задоволство за резултатите во 2015 година! (ФОТО)

IMG_2518

Најдобрата млада спортистка во Македонија за 2015 година, Вероника Костовска, за Ipon.mk изјави:

veronika so Elvir i so samir sportist 2015

„Оваа награда за мене претставува чест, задоволство и голема сатисфакција за трудот што го вложив оваа 2015 година. Секако наградата  не доаѓа случајно, туку е резултат на долгогодишна макотрпна работа, не само моја, туку и на тимот околку мене. Тука, пред се, мислам на поддршката од моето семејство,поддршката од пријателите кои ме мотивираат кога ми е најпотребно, разбирањето од страна на професорите поради честите отсуства од училиште и, секако, макотрпната работа на тренерите од националниот тим , а најмногу работата на тренерите од мојот клуб Кеикс, Самир и Елвир Куртановиќ.

Ова претставува дополнителен мотив да продолжам понатаму да го давам мојот максимум, се со цел да ја претставам Македонија во најдобро светло“.

Veronika miks sportist 2015

Да потсетиме дека на Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих, Швајцарија, го освои златниот медал во борби за кадети на убедлив начин.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО