Во Загреб прмовирана Регионалната бокс лига и утврден календарот за натпреварување

Reginalna liga UO Zagreb 16 januari

Во понеделникот (16 јануари) во Загреб во хотелот Панорама се одржа промоцијата на Регионалната лига во бокс, во присуство на сите претставници на Управниот одбор. Притоа Лигата ја поздравија претседателот на Хрватскиот боксерска сојуз, Боно Бошњак, како и претставници на хрватските и српските медиуми.

Ilija Mladenovski prezentira na UO

Претседателот на Лигата, Јурица Рунтиќ, во кратокиот осврт за тековните активности изрази големо задоволство од работата на Одборот и покажа голем оптимизам пред почетокот на 4 март оваа година.

Директор лигата Драгољуб Радовиќ на медиумите им го пренесе форматот на натпреварувањето и ги објасни техничките детали.

Сите членови на Управниот одбор ги презентираа своите клубови пред медиумите и изразија големо задоволство од функционирањето на Лигата, покажувајќи голем оптимизам за иднината. Илија Младеновски го презентираше БК Пинк Пантер од Штип, кој е наш претставник во Лигата.

Ilija i Dimitar so Zeljko Mavrovik

По прес-конференција се одржа состанок на Управниот одбор на кој беше донесен заклучок за основање на друштво (фирма) кое ќе го води натпреварувањето. Фирмата е со седиште во Загреб, а името на компанијата Регионал боксинг д.о.о

Исто така е прецизиран и утврден календарот за натпреварување.

По исцрпувачки два дена сите членови на Управниот одбор на ручекот ја констатираа успешната работа на дводневната работа, при што ги посети прославениот хрватски боксер Жељко Мавровиќ кој изрази поддршка за овој балгороден проектот, исто како и хрватскиот олимпиец Тихомир Бораска кој исклучителен интерес слушна се за новоформираната лига и ги сподели своите спортски искуство со членовите на Одборот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО