Флојд Мејведер е подготвен да ја тренира Ронда Русеј

Mejveder i ronda

Катастрофалниот настао на Ронда Русеј на УФЦ 207 минатиот месец јасно покажа дека на поранешниот шампион во бантам категорија и треба голема помош во за борба во „стоење“.

Иако тренерот Едмонд Тарвредијан со години работел на нејзиниот бокс, Русеј во последните две борби покажаа дека во оваа вештина всушност почетник. ТМЗ ја запрашаа непразената бокс легенда, Флојд Мејведер Јуниор, дали е подготвен да ја тренира Русеј.

„Ќе се работам со неа ако таа е волна да работи со мене. Јас немам ништо против никого, имаме волја да работиме со неа“.

Ако оваа ситуација ви се чини позната, постои добра причина за тоа. По УФЦ 193 во октомври 2015 година, кога Холи Холм ја разоткри слабоста на Ронда и и ја зеде титулата Мејведер се понуди да и помогне на Русеј за нејзиниот бокс.

Колку би можел Мејведер да и помогне на Русеј во оваа фаза од нјезината кариера? Неговиот вујо Џеф Мејведер смета дека може да ги закрпи дупките за неколку месеци, додека почитуваниот боксерски тренер, Фреди Роуч, смета дека е време за пензионирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО