Пинк Пантер -заштитен знак на македонскиот бокс во Регионалната лига

Ilija Mladenovski prezentira na UO

На состанокот на Управниот одбор на Регионалната лига во бокс во Загреб учествуваа нашите претставници од БК Пинк Пантер, односно потпретседателот на Лигата Илија Младеносвки и капитенот на екипата Димитар Ташков. Покрај претседателот на Хрватскиот боксерска сојуз, Боно Бошњак, претседателот на Лигата, Јурица Рунтиќ, директорот на Лигата, Драгољуб Радовиќ, свое обраќање на прес-конференцијата имаше и потпретседателот на Регионалната, Илија Младеновски.

Ilija so luge od Boks ligata

На конференцијата беше презентирана лигата и беше соопштен календарот на натпреварувањата и дека Регионалната лига стартува на 4 март, како и очекувањата од лигата, но и за фаворитите на ова натпреварување. Притоа беше истакнато дека е регистрирана фирма со седиште во Загреб – Регионал боксинг д.о.о и дека реномираната фирма за боксерска оперма Топ тен е првиот спонзор на Лигата.

„Целта на овие седум клуба, догодина веројатно осум, е од овие екипи да се направи една екипа која ќе се натпреварува во WSB/ВСБ (Светската боксерска лига). Потоа подигање на нивото на кавлитетот на боксот во регионот. Од друга страна, во фирмата што ја регистриравме за одржување на натпреварувањето сите партиципираат подеднакво. Седиштето е избрано да биде во Загреб, затоа што Хрватска е земја членка на Европската унија, го има најдобриот клуб во регионот- Сесвете кој ја освои Средноевроп лига и се водечка боксерска нација, чии боксери осовиоја медал на Олимписките игри во Рио, а и градат најсовремен боксерски центар во овој дел на Европа“, вели потпретседателот на Лигата и претседател на БК Пинк Пантер, Илија Младеновски, додавајќи дека се склученни договори со Топ тен за спонзорирање на ракавици, како и со ТВ куќата Арена спорт, која во прво време ќе ги дава мечевите како снимка, а од догодина ќе емитува и директни преноси.

Ilija i Dimitar so Zeljko Mavrovik

Меѓу фаворитите за освојување на лигата се вброија најмоќните клубови во регионот Сесвете и Лозница, кои се и финансиски најмоќни, додека останатите пет екипи се изедначени по квалитет.

„Пинк Пантер ќе се бори за златната средина, бидејќи сме најмлад клуб, но најсериозен во нашата земја. Ќе понудиме најдобра организација и ќе и дадеме шанса на домашните боксери, иако имаме можност да земеме боксери и од странство. Целта е нашите боксери да стигнат до квалитет со кој ќе може да настапуват во ВСБ, експанзија на благородната вештина и публиката да ги полни салите, односно да биде спорт број еден. Од друга страна, се потпираме на својата умешност и способност во целиот проект“, истакнува Младеновски кој со Димитар Ташков, како капитен и Ристе Грбев, како шеф на стручниот штаб ќе ја водат екипата на Пинк Пантер во овој амбициозен проект.

Младеновски посочува дека во првата недела од февруари во Штип ќе дојде претседателот на Лигата, Јурица Рунтиќ, при што ќе одржи прес-конференција и неколку состаноци со што ќе потврди сериозноста на проектот.

На состанокот на Управниот одбор на Боно Бошњак, претседателот на ХБС, му е доделена најпристижната спортска награда за спорт во Хрватска „Фрањо Бунчар“, поради заслугите за издигнувањето на хрватскиот бокс на нивото на кое е сега.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО