Во тимот на Кро Кап пристигна Литванец

Анте Делија (15-3) и Сатоши Иши (21-8-1) во Кро Капт тимот во Загреб се подготвуваат за нивниот прв настап на ПФЛ турнирот.

28-годишниот дубровчанин на 6 јуни, во Униондејл, во државата Њујорк, се бори против поранешниот К-1 и Глори борец Бен Едвардс (3-0), додека Јапонецот со хрватско државјанство силите ќе ги одмери со Езекиел Вили (3-1).

Во Загреб им се придружи и Теодорас Аукштуолис (11-5).

27-годишниот Литвнец во 2015 година стигна до полуфиналето на Големата награда на Ризин, каде што беше запрен од Кинг Мо. Во јапонската промоција има победа против Џаидеп Синг.

Делија објави фотографија на неговата фејсбук страница во друштво со Литванецот, Иши и тренерот Стипе Дрвиш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО