Во сабота: „Тиквешки кик бокс турнир“ во Демир Капија

Во сабота во Демир Капија  се одржува вториот „Тиквешки кик бокс турнир“ во организација на КБК Будо од Демир Капија.

На турнирот ќе учествуваат пет клуба од Македонија: КБК Будо – Демир Капија, КБК Будо-Кавадарци, КБК Гладијатор Неготино, КБК Будо-Велес и КБК Гладијатор -Штип.

„Веќе е затворен списокот и на истиот се пријавени околу 50 борци. Сите ќе се борат во кик лајт дисциплината и ќе има околу 25 борби. Отворена покана до сите љубители на боречките спортови , да ја запознаат оваа боречка вештина каде во државата по преземањето на новото раководство во КБФМ е во значителен подем“, вели Александар Ристовски од КБК Будо.

Борбите почнуваат во 19 часот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО