Томислав Антељ: Дојдовме да победуваме на „Златниот гонг“

Селекторот на репрезентацијата на Србија Томислав Антељ вели дека подоготвките во Штип со македонската селекција поминале во одлична атмосфера.

„Се беше како што треба. Штипјани беа добри домаќини, а ние добри гости. Соработката со Петар Чурлиновски кој е одличен боксерски стручњак и Илија Младеновски беше на ниво. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи на обострано задоволство, бидејќи само така може да се надеваме на поголеми успеси“, вели Антељ кој изразува голема благодарност на Боксерската федерација на Македонија, на Чурлиновски и Младеновски за подоготовките за Златниот  гонг.

Селекторот на српската репрезентација очекува успех на неговите боксери односно злато во секоја категорија.

„Дојдовме да победуваме, но не е срамота и да изгубат нашите боксери ако имаат подобра противник од себе. Потајно се надевам дека 60 отсто од нив ќе бидат први“, истакнува Антељ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО