Чурлиновски пред „Златниот гонг“: Достоинстевно да го претстават македонскиот бокс!

„Да го дадат максимумот од себе, достоинствено да го претстават македонскиот бокс. Секоја победа е успех“, порача селекторот на македонската бокс репрезентација Петре Чурлиновски пред почетокот на полуфиналните борби денес на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје.

Репрезентативецот Алмир Нуришов вели дека добро се подготвени и се надева дека сите ќе се борат во финалето, а некој од нив и да го освои трофејот.

Исто така и Денис Муаремовски е оптимистички расположен и ветува добри борби. Јасин Лама, Лулзим Исмалили, Артан Алиу и Алим Насуфи ја истакнуваат подготвеноста и се надеваат на успех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО