Митровски-Урко: Задоволен сум од колективноста и пожртвуваноста, но не и од пласманите, бидејќи сум убеден дека можат многу повеќе!

Македонија освои еден медал на Светското првенство во кик бокс за сениори во Будимпешта, Унгарија. Бронзен медал освои Димитар Ѓоргиев во кик лајт до 74 килограми.

Имајќи го предвид бројот на медалите на претходното СП во Белград 2015 година, две злата и една бронза, неминовно беше да побараме мислење на селекторот на репрезентацијата Дејан Митровски – Урко кој со Дргаган Атанасовски во тандем ја водеа нашата селекција на СП.

„Задоволен сум од колективноста и пожртвуваноста на натпреварувачите, но не сум од нивните освоени пласмани. Убеден сум дека можат многу повеќе. Тука, играа улога среќата, судиите и адреналинот. Наредното првенство верувам дека сите натпреварувачи ќе ги освојат очекуваните пласмани“, изјави Митровски..

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО