Во сабота се одржува „Трофеј штипски боречки асови“

Во сабота (17 ноември) ќе се одржи Меѓународниот турнир во борење „Трофеј штипски боречки асови“ во Штип со почеток во 11 часот воспортската сала „Јордан Мијалков“.

„Трофејот штипски боречки асови“ е посветен на сите спортски асови кои се меѓу живите и оние кои го напуштиле овоземниот живот, како Киро Ристов, Симеон Шутев, Марјан Наумов, Лазар Коцев, Томе Атанасов, Борче Димитров и многу други. Турнирот е за деца и ќе настапат учесници од повеќе држави.

Да потсетиме дека Киро Ристов и учесник на две олимпијади, Симеон Шутев на една. Марјан Наумов е носител на бронзен медал од ЕП за млади, Лазар Коцев од балканските првенства, Борче Димитров носител на медал од шампионската генерација на Балканец, која 1995 година ја освои титулата државен првак , Томе Атанасов кој како тренер и борач донесе најмногу титули на најтрофејниот клуб во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО