Во сабота на спектаклот „Прилеп фајт најт“ професионален бокс меч Даниел Мендес – Карилаос Малихуидис

Darko Catleski

Во сабота во Прилеп ќе се одржи професионален бокс меч меѓу Даниел Мендес од Англија и Гркот Карилаос Малихуидис. Покрај бокс средби ќе има и неколку кик бокс мечеви.

Спектаклот што ќе се случи на „Прилеп фајт најт“ љубителите на боречките вечтини ќе може да го проследат во салата на средното училиште „Ѓорче Петров“. Настанот е во организација на Про бокс Македонија, Боксерскиот клуб АС и Кик бокс клубот Шампион од Прилеп, а под надзор на Европската боксерска унија и Светската кик бокс федерација.

Screenshot 2016-02-03 21.33.38

Прилепчани имаат можност да уживаат во боречките вештини на врвни професионалци, како од државава, така и од регионот, европа, па и светот, благодарение на неколку ентузијасти и големи вљубеници во боречките спортови.

„Даваме се од себеда го промовираме градот и младите таленти кои сакаат да се занимаваат со овој спорт, но не секогаш е така лесно, конкретно за овој настан повеќе од два месеци имаме интензивни подготовки и макотрпна работа, која на крајот се надевам ќе даде резултат, а тоа ќе се покаже во рингот“, вели Дарко Чатлески, поарнечен шампион на Македонија и во бокс и во кик бокс.

Мартин Алексоски и Александар Арсовски ќе имаат бокс меч во пионерска конкуренција, додека во сениорска конкуренција ќе се сретнат Ице Трајкоски и Александар Петров. Во кик бокс (лајт контакт) ќе има три борби и тоа: Бојан Станојоски- Божидар Димитријевиќ, Енвер Салиески – Христијан Митрески и Трајче Илиески – Давид Велкоски и  во лоу кик сениори Коста Боцкаровски ќе се бори против Кире Ралески.

„На крајот од овој спектакл следи шлагот на вечерта профи бокс мечот  помеѓу Даниел Мендес од Англија и гркот Карилаос Малихуидис, борба што ќе се памети“, изјави Чатлески.

Се на се ова ќе биде уште една од ретките можности што прилепската па и македонската публика, односно љубителите на поагресивните спортови ќе можат да го проследат, спектакл кој долго ќе остане за паметење и за кој многу ќе се говори, а тимот на Шеталиште е тука да ви го доближи, како медиумски покровител на настанот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО