Во дива борба Ентони Џошуа го нокаутираше Вајт (ВИДЕО)

anthony joshua dillian whyte borba

Во Лондон се одржа бокерската средба на непоразените британски тешкаши за титулите на Британија, Комонвелтот и за ВБЦ интернационалниот појас, Ентони Џошуа (15-0, 15 КО) и Дилијан Вајт (16-1, 13 КО).

На Џошуа ова му прв меч што траел повеќе од три рунди.Родениот Јамајканец го заврши во седмата рунда.

Откако олимпискиот победник го удри Вајт по сигналот за  крај на првата рунда, Вајт потполно ја изгуби контролата и го нападна противникот. Настана гужва во рингот која ја расчисти обезбедувањето. Вајт не беше дисквалификуван и можеше да ја продолжи борбата. Веднаш во втората рунда го здрма Џошуа.

https://youtu.be/bEw3KTemTsM

По спектакуларениот почеток останатите рунди беа со умерено темпо.

https://youtu.be/1xETIEx32AQ

Крајот дојде во седмата рунда, кога Џошуа зададе прецизен удар, проследен со уште неколку аперкти со кои го нокаутираше Вајт.

https://youtu.be/-3QqaDIgQhw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО