Во чест на Денот на независноста промотивен боксерски настан во Градскиот парк во Скопје (ФОТО)

Боксерска федерација на Македонија денес на „8 Септември“ – Денот на независноста на нашата земја во Градскиот парк вои Скопје организираше пригоден настан за промоција на боксот.

Оваа активност вклучуваше поставување на боксерски ринг и демонстрации во истиот, со тренери и млади боксери.

„Овој настан е од големо знаењеч во календарот на националните прослави, имајќи во предвид важноста на овој датум за независноста на Македонија. Боксерската Федерација го стави во фокусот боксерскиот спорт, со цел да го привлече интересот на младите и возрасните граѓани кон овој возбудлив спорт.

Во рингот, младите боксери на Националната боксерска федерација ги прикажаа своите вештини и ја привлекоа публиката со своите храбри настапи.

Додека нивните тренери ги поддржуваа со страст и ги водеа на патот кон успехот во боксот. Оваа прилика беше одлична можност за промоција на спортската култура и младите спортски таленти во Македонија“, велат Федерацијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON