Тајсон Фјури: Ако загубам меч од ММА тип, никогаш повеќе нема да можам да се појавам во јавноста

Светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури на 28 октомври во Саудиска Арабија ќе се бори со поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану.

Во игра нема да биде појасот на Фјури во тешка категорија во ВБЦ.

Месец и пол пред мечот, боксерите одржаа прес-конференција во Лондон на која го најавија настанот – „Битката на најлошите“.

„За мечот против Дионтеј Вајлдер тренирав само шест недели“, изјави непоразениот Тајсон Фјури и додаде:

„А за Френсис Нгану ќе тренирам вкупно 12 недели. Сакам да бидам најдобар досега во оваа борба, бидејќи тоа е нешто повеќе од боксерски меч. Ако изгубам меч од ММА тип, никогаш повеќе нема да можам да се појавам во јавноста. Луѓето ќе ме исмејуваат и постојано ќе ми го ставаат под нос. Значи, за мене тоа е најважниот натпревар во мојата кариера“.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија отсекогаш сонувал да влезе во боксерскиот ринг, а сега ќе ја добие својата шанса против еден од актуелните најдобри тешкаши.

„Или ќе го покријам или тој мене – некој ќе заспие. Во овој момент го живеам мојот сон“, додаде Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО