Адесања го прогласи Волкановски за најголем борец во историјата

Новозеландскиот УФЦ борец, Израел Адесања, кој ќе се бори со Шон Стрикленд на УФЦ 293, изјави дека го смета австралискиот борец со макдонско потекло и актуелен шампион на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски за најголемиот борец на сите времиња.

„Отсекогаш сум сакал да бидам најголемиот борец на сите времиња, секогаш сум се стремел кон тоа и мислам дека сум еден од најдобрите борци во историјата, но Алекс Волкановски е најголемиот борец на сите времиња. Гледам како работи, тој ми е пријател, ми се допаѓа како се бори и тој е еден од моите омилени борци во историјата“, ја пренесува изјавата на Адесања Би Џеј Пен.

Борбата меѓу Адесања и Стрикленд ќе биде главниот настан на вечерта на УФЦ 293 во Сиднеј на 9 септември 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО