Внукот на Мухамед Али добил признание оти спасил жена од насилник

Бјаџо Али Волш, кој е внук на Мухамед Али, доби благодарница за спречување можен напад на жена.

Волш е поранешен американски фудбалер и модел, кој реши да се фокусира на ММА. 24-годишниот борец е под договор со ПФЛ и неговиот аматерски скор вклучува 2 победи и 1 пораз. Својот деби натпревар за организацијата го доби во ноември со нокаут за помалку од една минута.

Али Волш работи и како хонорарен чувар во ноќниот клуб Омнија во Лас Вегас. Бил на должност во ноќниот клуб во неделата рано наутро, видел како пијана жена ја водат во непознат правец.

Борецот на ПФЛ регаира за да ја спаси жената од веројатно смртоносно сценарио. Волш веќе е награден за неговите храбри напори.

„Благослов е што жената не била повредена, малтретирана или потенцијално убиена.

Ги охрабрувам сите да ги држат очите отворени кога излегуваат. Има многу предатори со многу лоши намери“, изјави Волш.

Волш почнал да работи како хонорарен чувар за да остане активен кога не бил во теретана. Ѕвездата на ПФЛ тренира два пати на ден и во кафезот ќе се врати во април.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Biaggio (@biaggioaliwalsh)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО