Владимир Минеев го нокаутира Рафаел Карваљо во кик бокс меч (ВИДЕО)

Владимир Минеев се врати во боречките спортови.

Руската ММА ѕвезда се врати по речиси 1 година отсуство. Минеев потпиша договор со руската армија и во последната година беше на фронтот против Украина. Сега ја продолжи кариерата и се соочи со Рафаел Карваљо, кој е поранешен шампион во средна категорија на Белатор.

Борбата се случила на гала вечер во Елиста, Русија. Врвот на борбата беше во втората рунда, кога Минеев со лев аперкат од контранапад го нокаутира Бразилецот Карваљо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО