Владимир Кличко со нов имиџ

Klicko so nov imidz

Поранешниот светски шампион во супертешка категорија, Владимир Кличко, одлучи малку да го промени силот и пушти густа брада. Сепак, тоа не ги спречува навивачите да го препознаваат легендарниот боксер.

Во исто време, поранешниот двократен светски шампион, Крис Бирд, ги посочи причините, кои, според него, довеле до поразот на Украинецот од Тајсон Фјури.

„Клучот е во добрата работа со нозе од страна на Фјури. Со брзото движење во рингот тој често го оставаше Владимир дебалансиран. Освен тоа, Кличко за првпат се соочи со боксер со такви димензии“, изјави Американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО