Мартин Стојменов-најдобар по четврти пат во Кочани, КК Партизан најдобра екипа (ФОТО)

 2016-01-29 19.34.11

Мартин Стојменов по четврти пат го добие признанието за најдобара спортист на Кочани во 2015 година, кое му го врачи градоначалникот Ратко Димитровски.

Martin i ratko 29 1 2016

Мартин Стојменов изјави дека резултатите се плод на упорната работа, а за претстојното Европско првенство во Лимасол, Кипар, рече: „Подготвен сум. Одам на медал“.

Стојменов (-60 кг) на Балканското првенство за јуниори до 21 година го освои сребрениот медал, а по сите анализи му беше украден златниот, исто така и екипно се закити со сребрениот медал.

Gradonacalnikot i sportistite na Kocani

Веднаш зад него се пласираа неговиот клупски колега Димитар Јакимов, потоа гимнастичарот Петар Каров, фудбалерката Анета Ѓоргиева и кошаркарот Иван Серафимов.

Oli najdobar trener

Карате клубот “Партизан“ чии членови во 2015 година освоија најмногу медали и признанија на домашните и меѓународните натпреварувања е најуспешната екипа, а тренерот на КГС “Кочани“, Николче Колев е избран за најдобар тренер.

 

KK Partizan za 2015

Годинава, поради големиот број пријавени во категоријата млади надежни спортисти, беа избрани десеттемина најуспешни: Јана Николова (КГС „Кочани“), Верица Карова (Карате клуб „Кочани“), Ѓорѓи Петров (КК „Партизан“), Роберто Здравковски (КК „Партизан“), Антонио Јаношевиќ (КГС „Кочани“), Ристе Симеонов (КГС „Кочани“), Јован Манев (ФК „Кочани“), Кристијан Грозданов (КК „Партизан“), Мартина Шахинова (КК „Партизан“), Ѓорѓи Зашев (ФК „Фудбал старс“), Љубомир Давитков (КК „Кочани“) и Александар Ѕ’мбов од КК „Баскет Дино“.

Najdobri nadezi za 2015 vo Kocani

Признанието најдобар спортски работник за 2015 година постхумно му припаѓа на д-р Блаже Ѓорѓиев, како поранешен член на КК “Партизан“. По повод 10-годишнината од формирањето и успешното работење на ЖФК “Кочани“ неговиорт претседател Љупчо Папазов му беше доделено посебно произнание за значајни постигања во спортот. На Киро Герасимов, пак, новинар од Македонската радиотелевизија, му беше врачено специјално признание за афирмација на постигнувањата на спортистите и клубовите од Кочани.

2016-01-29 19.18.05

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО