Владимир Кличко: Сите заработија од мојот меч со Џошуа, дури и јас (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко (64 – 5, 53 KO) сепак зеде учество нa телевизиската емисија „Големиот бокс“ на ТВ каналот „Интер“. Првично Украинецот требаше да одговори на прашањето дали ќе ја продолжи или ќе ја прекине кариерата.

Владимир Кличко во последниот меч беше поразен во кој беа залог светските титули на ВБА Супер, ИБФ и ИБО во тешка категорија од Британецот Ентони Џошуа (19 – 0, 19 КО).

„Тоа беше одлична боксерска вечер! Ако треба да сум искрен, навистина ми се допадна да стојам на рингот во средината на стадионот „Вембли“ и да се борам со противник, како Ентони Џошуа. Имав само една желба онаа вечер – да победам! Што се случи – сите знаат, има многу детали за кои можеме да зборуваме. Јас сум задоволен од тоа како помина боксерската вечер, освен од резултатот. По средбата, би рекол дека сите победија на мојот меч со Џошуа, дури и јас, иако резултатот не беше на моја страна, и почитта што ја добив од публиката…“, изјави Владимир Кличко.

https://youtu.be/AIQZyw-OpuQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО