Владимир Кличко: Резултатот во реваншот со Фјури ќе биде различен

Vitalij i Vladimir klicko po mecot so Fjuri

Поранешниот светски шампион во две категории, Украинецот Владимир Кличко, вети дека ќе има реванш со Британецот Тајсон Фјури за поразот што претрпе во ноември минатата година со едногласна одлука на судиите. Истовремено призна дека се уште доживува душевна болка, која е поврзана со овој пораз.

„Веќе не чувствувам физчка болка. За среќа, јас го напуштив рингот само со неколку рани. Други повреди немав. Но внатре, се разбира, се уште ме боли. Имам големо его. Моето его – тоа е мојата движечка сила, но тоа се уште страда од поразот.

Јас навистина бев во мојата најдобра физичка форма. Но ако нема рамнотежа помеѓу физиката и психата, работите стануваат комплицирани. Јас не успеав да влезам во средбата. Ги анализирав причините за ова и знам што треба да направам во иднина. Крајниот исход (натпреварот-реваншот) сигурно ќе биде различен“, изјави Владимир Кличко во интервју за германското списание „Шпигел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО