Џевад Потурак ја брани ВАКО титулата во Сараево

Dževad-Poturak-pojas-wakojavako

Џевад „БХ машин“ Потурак ќе ја брани својата ВАКО титула во супер тешка категорија во лоу кик на настанот No Limit 8, што ќе се одржи во март во Сараево.

Потурак до титулата дојде во 2014 година на No Limit 7 настанот во Зеница, каде што како предизвикувач во втората рунда гонокуатираше Французинот Абдерхамен Кулибали. Во неговата прва одбрана противник ќе му биде Полјакот Михал Турински.

На настанот ќе се одржи на турнирот на осумината по К-1 правилата во категоријата до 85 килограми, на кој ќе настапат Порт Жежелиќ, Денис Марјановиќ, Игор Емкиќ, Дарио Кадиќ, Бобан Крушиќ, Анел Мациќ, Никола Стошиќ и Александру Негреа.

Исто така се потврдени настапите на Елмира Мехиќ и на Турчинот Ерхан Дениз.

Poturak plakat

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО