Гласков: Се се нареди, за да бидам светски првак (ВИДЕО)

Glaskov

Вјачеслав Гласков (Украина) доби одлична шанса да се бори за титулата на Меѓународната боксерска федерација, откако организацијата му ја одзеде круната на Тајсон Фјури. Тој ќе боксира со Чарлс Мартин (САД) во саботата вечер во Њујорк.

„Се се нареди, за да бидам светски шампион. Мартин е голем човек. Тој е со обратен гард, но не се сретнал со вистински ривали. Ќе биде добар меч. Сите мои претходни средби ми помогнаа да се подготвам за овој меч. Ги сакам сите појаси. Тоа е првиот чекор за остварување на мојот сон“.

Мартин возврати дека е возбуден.

„Ќе го земам она што е мое. Ми омрзна да зборувам она што може да прави Гласков. Ајде да видиме како ќе се справи со мене“, додаде Мартин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО