Владимир Егоров спортист за 2022 година на Штип, доминација на боречките спортови

Борачот на Балканец, Владимир Егоров, е избран за спортист на годината на Штип за 2022 година.

Егоров ова признание го заслужи со златниот медал од Европското првенство во борење за сениори и член на Балканец е носител на признанието најдобар спортист за 2022 година на Штип.

Второто место во сениорска конкуренција е за каратистот Григор Хаџикимов, кој го освои 7 место на СП. Трето место за најдобрата пингпонгарка во Македонија, Амелија Луциона Николов од Шампион ФА, клуб кој лани ја освои титулата државен првак.

Титулата во младинска категорија ја освои Љупче Михајлов од КК Штип. Втора е Мила Панчева – КК Штип. Трети места делат Ива Петрова, кик бокс и Ева Димитрова џиу џицу.

Кадети: Драгана Ефтимовска – КК Штип, Данил Николиски џиу џицу ЏК Осенсеи, Ана Иветиќ – КК Тим арена, Метофи Георгиев – пливање „Челични“

Пионери: Марио Џорлев – КК Штип, Славче Николиски – ЏК Осенсеи, Ана Иванова – КК Македонка, Зоран Шоров – јуниор, борење, Михаил Јанев – кик бокс, Ива Колева – кошарка, Тим арена, Андреј Мишев – ФК Брегалница, Алекс Тодоровски – ФК Мал Ајакс, Андреј Богатинов – КК Астибо, Татјана Пирова – одбојка Младост УГД, Душица Бреслиска – КК Штип и Андреа Нисева – БК Олимпија.

Спортски судија Никола Мицевски – одбојка; најдобар клуб Балканец; најдобар тренер Бобан Данов – Балканец и селектор на репрезентацијата; најдобар спортски работник Горан Здравков – ФК Брегалница; ултрамаратон Радмила Јованова; плакета за најдобра жена спортист на Штип – Бојана Манева, хуманистка, член на КК Штип, државна првенка и учесник во Премиер лигата; плакета за поддршка и развоиј на спортот во Штип доби градската кафеана „Кај Дацо“; спортски амбасадор на Штип Бојан Миовски – член на македонската фудбалска репрезентација и на Абердин од Шкотска.

Изборот се одржа синоќа во салата на Општина Штип за 2022 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО