Видеолотарија касинос Австрија ќе го спонзорира БК Пинк пантер тим од Штип

Видеолотарија касинос Австрија потпиша договор за спонзорство на Боксерскиот клуб Пинк пантер тим од Штип. 

Видеолотарија касинос Австрија ги поддржа активностите на БК Пинк пантер тим од Штип. Познатиот боксерски работник и поранешен репрезентативец, Димитар Ташков, кој како боксер ба големи меѓународни натпреварувања, е тренер на клубот кој ќе ги предводи при учеството во Регионалната бокс лига.

Ташков на потпишувањето на договорот за спонзорство изрази  голема благодарност до Видеолотарија касинос Австрија за препознавањето и поддршката на нивната спортска визија.

„Со ова спонзорство, ќе придонесеме во создавањето услови за тренинзи, натпревари и професионален раст и развој на младите членови на боксерскиот клубот, како и реновирање на салата за тренинг и опремата на клубот“, велат од Видеолотарија касинос Австрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО