Владимир Богоевски: Националните федерации се одговорни за спортистите на ЕП и СП, ние ќе ги помагаме!

Vladimir Bogoevski 2

Македонските спортисти многу не се прославија на Олимписките игри во Рио де Жанеиро минатата година, а посебно од боречките спортови кои редовно и носеа медали од олимпијадите, но и од светските и европските првенства. Борачите иако добија максимална поддршка од Македонскиот олимписки комитет (МОК) не успеаја да обезбедат норма, додека боксерите ниту добија шанса да се натпреваруваат поради лошата ситуација во Федерацијата, а џудистката Катерина Николоска учествуваше со вајлд-карта.

Успесите на каратистите ги подгреаја надежите за обезбедување на норми за Олимпијадата во Токио 2020 година, кога овој спорт ќе дебитира на ОИ, како и историскиот бронзен медал на Петра Матијашевиќ на Европското таеквондо првенство. Надеж влеваат и реформите во боксот и целите на новото ракодство на ФБСМ. Сепак, како да се стигне до Олимијадата во Токио 2020 година?!

Martin i Emil vo Mok po 1500 evra

„Нашите претензии се во карате спортот, кој носи успеси, односно каратистите освоија медали на Европските првенства и на Европските игри во Баку, Азербејџан, а тоа не може да се каже за џудото. Не радува што од годинава боксот ќе има вложувања“, вели директорот на МОК, Владимир Богоевски,  иако тој директно не посочи имиња во оптек за олимписка помош се освојувачите на медалите од Европските игри и ЕП-а Еми Павлов и Мартин Несторвски, како и поранешните освојувачи на медали Жарко Арсовски од СП и Берат Јакупи од ЕП.

boracite vo mok za jasar dogu

Мината година борачите добија голема поддршка од МОК, а неколку борачи беа стипендирани, што се покажа како големо промашување, бидјеќи не освоија олимписка норма.

„Ги поддржавме за учеството на Светското првенство во борење во Лас Вегас и н а три квалификациски турнир за Олимпијдата, а не изборија олимписка норма. На сите целта ни е да имаме борач со норма“, истакнува Богоевски.

Посочува дека бокост е фаворизиран со новиот закон за финансирање во спортот од игрите на среќа и од вложувањето на фирмите со ослободување од данокот на добивка. Богоевски смета дека е добро што се донесе Закон со кој се помага спортот, но требало да има повеќе време за јавна расправа за да се испеглаат некои работи. Ја очекува стратегијата на Боксерската федерација и за тоа како ќе направат селекција на потенцијалните олимпијци.

Прва цел на МОК се Младинските олимписки игри 2018 година во Аргентина и очекува федерациите да ги предложат потенцијалните кандидати, а Олимпискиот комитет да обезбеди ресурси за да се подготват.

„Донесовме џудо стратег кој ќе остане една година во Македонија за да им помогне на нашите клубови да го издигнат џудото на повисоко ниво. Останува клубовите да најдат форма како ќе го користат носителот на 6 дан мајсторски појас Грабриел Сапта. Ние ќе го координираме, затоа што сапта е тука да им помогне“, нагласува Богоевски.

Bogoevski i gabriel sapata

Еден од главните фактори за развој на спортот е и лига натпреварувањето, што, за жал, сега ги нема во борењето, боксот, каратето. Би било пожелно да има сугестии што побрзо да се обноват лигашките натпреварувања, бидејќи така се активираат повеќе натпреварувачи, а и привлекуваат публика, како и нови вљубеници и потенцијални натпреварувачи, но и се прави здраво ривалство кое продуцира квалитет.

Директорот на МОК истакнува дека новото раководство на ФБСМ се зазело за обновување на лигата, а боксот тоа го потврдил со новиот закон за финансирање, но го рдаува фактот што БК Пинк Пантер ќе учествува во Регионалната бокс лига со што ќе се афирмира спортот.

Sredba-MOK-IOC-624x511

За тоа дали до сега Федерациите имат пријавено спортисти кои ќе добијат олимписка поддршка, Богоевски вели:

„Комисијата за надзор и спорт ќе ги разгледува пристигнатите предлози, а потоа и Здравствените комисии. Тоа значи дека ќе има резултатски критериуми. Засега немаме канидати, затоа што прво ќе се направи анализа и ќе бидат тестирани. Тоа процес што ќе трае неколку месеци. Од тие канидати што ќе ја поминат селекцијата ќе произлезат стратегии за потенцијалните и за кандидатите за ОИ“, потенцира директорот на МОК кој  нагласува дека таеквондото е спорт кој ветува и дека сакаат да му помогнат, затоа што верува дека може да направи резултати.

„Нашиот став е дека резултати може да направиме во индивидуалните спортови. И сакам да нагласам дека во наредните години секоја Национална спортска федерација е одговорна за спортистите за Европските и Светските првенства. Резултатот е исклучиво нивна работа, а ние ќе ги помогнеме“, констатира Владимир Богоевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО