Бобан Данов дебитира во ММА во Диселдроф со уште тројца борци од Македонија

Boban Danov

Конечно боречкиот тешкаш Бобан Данов ќе дебитира во ММА водите на 11 февруари во Диселдорф – Греманија, на Елит ММА чемпионшип 1 против Даниел Алберти.

Даниел Алберти е локален херој што ќе ги одмерисилите со нашио Данов кој  настапува за Македонија топ тим.

Во Диселдорф ќе настапат уште тројца македонски борци.

Pepi Velkov shamil banukajev

18 годишниот Пепи Велков (1-0) ќе се бори со Шамил Банукајев (3-0). Шамил не само што е еден од најдобрите таленти на УФД салата, тој е и германската број 5 во бантам категорија кој професионалното деби гопарви 2015 година со 21 година, оттогаш забележува три победи.

Во тешка категорија се смета дека ќе има многу акција, затоа што се среќаваат Хатеф Моејил (2-1)  и нашиот Димитар Ташков (1-0). Противникот на Димитар е со импресивна фигура и ги плаши противниците, а важ за голем удирач во Европа. Неодамна тој издоминира против Дамјан Олшевски на ФЦ 18, пред да биде дисквалификуван со контроверзна одлука.

Кумановецот Милош Велевски од тимот на Куманово ќе го има професионалното деби на 11 февруари против Расул Малсагов.

Организаторот на настанот УФД Џим од Диселдорф има многу успешна година. Една од главните теми во 2016 година е Дејвид Завадас кој победи на КСВ , како и талентираниот боксер во полусредна категорија Роберто Солдиќ. Овие постигнувања се крунисани со наградата ГНП1/GNP1 за најдобар тим на годината.

Елит ММА чемпионшип 1

Шамил Банукајев – Пепи Велков

Хатеф Моејил – Димитар Ташков

Расул Малсагов – Милош Велевски

Даниел Алберти – Бобан Данов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО