Му испадна рамото за време на борбата – противникот му го намести (ВИДЕО)

Mu go mestat ramoto na borec

За луѓето кои не се толку запознаени, ММА веројатно изгледа како брутален спорт, во кој две лица се обидуваат да се повредат еден со друг. Да, нема како да не признаеме дека физичкиот судир е суштината на овој спорт, но пред сè, во него има и многу благородност и почит кон противникот.

Еве еден таков ММА пример во Германија, во кој се сретнаа борците од лесна категорија Аркадиуш Вроблевски и Паата Чапелија.

Во еден момент од средбата Вроблевски се обиде да го удри противникот со оуверхенд со десната рака, но за негова несреќа, мусе извади рамото на левата рака. Одејќи во својот агол, борец го моли судијата да го намести неговото рамо, но тој одбива да го направи тоа.

Сепак, се вмеша неговиот противник Чапелија кој се доближува до него и со брзо движење успева да го намести неговото рамо. Вроблесвки веднаш се почувствува подобро и ја продолжи борбата. На крајот победник беше Чапелија, кој се наметна со нокаут во првата рунда.

https://youtu.be/ipRruepQzzM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО