ВКФ ги објави имињата на каратистите со олимписка норма за Токио 2020

Светската карате федерација (ВКФ) ги објави првите каратисти кои се квалификуваа за Олимписките игри Токио 2020 година.

Поради откажување на последните квалификациски турнири заради појава на коронавирус е финализирана првата фаза од олимпискиот квалификациски пат. Четворицата највисоко рангирани спортисти по пол и олимписки настан ги обездија 32-те сигурни места. Покрај тоа, ВКФ ги потврди и јапонските спортисти кои ќе земат учество, како домаќини во секоја од олимписките категории.

Каратисти кои се пласираа на Олимписките игри во Токио:

Олимпискиот процес на квалификации продолжува  распределба на останатите местата за комплетирање на конечниот список од 80 каратеки за учество во Токио 2020 година. Не помалку од 24 спортисти ќе се стекнат со олимписка норма на квалификацискиот турнир што ќе се одржи во Париз (Франција). Дополнително, 12 спортисти ќе добијат платформа за Олимписките игри со континентална застапеност и четири каратисти ќе го обезбедат олимписки билет по покана Трипартитната комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО