Витомир Трајковски – сребрен медалист од БП: Ќе го дадам максимумот да освојам европски медал за Македонија

Витомир Трајковски од Макпетрол имаше добар настап во репрезентацијата на Македонија на Балканското првенство што се одржа изминатиов викенд во Белград – Србија. Трајковски го освои сребрениот медал во категоријата до 84 килограми и со тоа го постигна најдобриот сениорски пласман на македонски каратист во поединечна конкуренција.

Балканскиот медал е вовед во она што следи овој месец Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 од 17 до 19 јуни во Прага, Чешка.

Го освои најсјајниот медал на БП. Дали пред почетокот веруваше дека ќе стигнеш до финалето?

– Да, целта секогаш ми е прво место, без разлика во која категоријата, бев можеби и најмлад.

Во финалето дали можеше среброто да се претвори во злато?

– Да, златото за многу малку ми избега. Иако Никола е поискусен од мене, водевме одлична, вистинска сениорска борба. Многу малку ми фалеше в рака да го имам и златниот медал.

Сега си сериозна конкуренција на клупскиот другар Петар Спасеновски кој на ЕП освои медал. Што значи ова ривалство?

– Ние не сме ривали! Тие се нашите идоли, кои нивното натпреварувачко искуство несебично го пренесуваат на нас. Заедно се радуваме на сите наши успеси, а секогаш имаме пружена рака да не активира кога губиме. Ова беше проба пред Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 од 17 до 19 јуни во Прага, Чешка. Ќе го дадам максимумот да постигнам и освојам европски медал за Македонија.

Резултати – Балканско првенство:
Витомир Трајковски – Душан Бјелиќ (Црна Гора)
Витомир Трајковски – Александар Павиќ (Србија)
Витомир Трајковски – Никола Ивановиќ (Србија)
Витомир Трајковски – Михајло Василиќ (Србија)
Финале
Витомир Трајковски – Никола Маловиќ (Црна Гора) 3-6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО