Федор Емелијаненко не сака да се бори со Жуниор дош Сантос

Поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, во пресрет на последниот настан на неговиот Игл ФЦ изрази желба да учествува во организацијата на борбата меѓу Федор Емелијаненко и Жуниор дош Сантос.

Но, Бразилецот загуби на Игл ФЦ 47 против Јорган Де Кастро, што е негов петти пораз во низа.

Дош Сантос доминираше во првите две рунди, а потоа го повреди рамото на почетокот на третата и борбата беше прекината.

И по таа несреќа Хабиб не ја криеше желбата да организира меч меѓу Емелијаненко и Дош Сантос со шефот на Белатор Скот Кокер.

Но, се чини дека руската легенда повеќе не е заинтересирана за овој судир.

„Разговарав со Скот и заклучив дека не сме заинтересирани да се бориме со Жуниор дош Сантос, најмногу поради неговиот пораз во последната борба“.

Федор Емелијаненко ги доби последните две борби, победувајќи го Квинтон Џексон во декември 2019 година, а во октомври минатата година беше подобар од Тимоти Џонсон. Двата меча ги заврши со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО