Витомир Трајковски е прв, а Стефан Стојановиќ втор на Светската карате ранг-листа во У-21

Младите и трофејни каратисти на Макпетрол високо котираат во новата ранг-листа на ВКФ во У-21. Витомир Трајковски е на челната позиција во категоријата до 84 килограми, а Стефан Стојановиќ е втор.

Трајковски е прв пред Максим Бухаиов – Украина, Данил Анисимов-Белгија, Гор Нерсисјан-Ерменија, Мелос Гаши-Албанија итн..

Пред Стефан Стојановиќ е само Анес Бостанџиќ од Босна и Херцеговина, по него се Едуард Шагилјан – САД, Дијас Анарбеков – Казахстан, Матео Аванзини –  Италија.

Кај сениорите најдобар пласман имаат -75 кг Петар Заборски е на 23 место и  -61 кг Вероника Костовска 29-тото.

Најдобар пласман на сениорите на ВКФ ранг-листата.

-60 кг Матеј Белистојаноски 45
-67 кг Емил Павлов 75
-84 кг Петар Спасеновски 45
-84 кг Витомир Трајковски 63
+84 кг Стефан Стојановиќ 68

-68 кг Ангела Мојсовска 56
-55 кг Симона Зборска 78
-50 кг Михаела Мишовска 193

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО