Џо Роган: Чимаев – Витакер е пеколна борба!

Коментаторот на УФЦ Џо Роган зборува за претстојната борба меѓу Хамзат Чимаев и Роберт Витакер.

Чимаев против Витакер е главната борба за гала вечерта на УФЦ која ќе се одржи на 22 јуни во Ријад, Саудиска Арабија. Чимаев е фаворит, но тоа не значи ништо бидејќи често победуваат аутсајдерите. Да потсетиме, Витакер последен пат се бореше против Пауло Коста на УФЦ 298 што се одржа на 18 февруари.

Борбата заврши со победа на Роберт Витакер со едногласна одлука. Професионалниот скор во ММА на Чимаев е 13-0. Последен пат Чимаев зачекори во октагонот во октомври 2023 година кога го победи Камару Усман со мнозинска одлука на УФЦ 294.

Навивачите очекуваат голема борба, а Роган не очекува ништо помалку од една пеколна борба.

„Тоа ќе биде пеколна борба. Роберт Витакер против Хамзат Чимаев е она што ни треба. Ова е вистински тест за Хамзат бидејќи Витакер е голем фраер. Цврст, мускулест, поранешен шампион. Тој е вистински борец во средна категорија за разлика од Камару Усман. Камару немаше шанса да се подготви за оваа борба бидејќи имаше само 10 дена“, изјави Роган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО