Борачите ќе треба сами да си платат за квалификацискиот турнир за Олимписките игри!?

Борачите се на подготовки во Баку, Азербејџан, каде што ќе се одржи првиот квалификациски турнир за Олимписките игри во Париз од 5 до 7 април, но нивниот настап е доведен во прашање.

Како што сега стојат работите, посочува селекторот Бобан Данов, борачите треба сами да си платат за да учествуваат на квалификациите. Данов е разочаран од ситуацијата во која се најдоа репрезентативците.

„Никој не обезбеди пари, ниту Федерацијата, ниту МОК, ниту Агенцијата за млади и спорт. Јас сум разочаран од институциите во време кога се бориме за олимписка норма“, вели Данов.

Една од кочниците за финансирање на федерациите и спортистите е новиот закон за ваучерите кој беше донесен во последен момент, па неговата примена доцни, а така е можно повеќе националниу федерации да останар без пари.

На подготовки во Баку се:

Вероника Рјабоволова (53 кг) – носител на европски и светски медал
Владимир Егоров (57 кг) – трето место на ЕП и европски шампион
Расул Шапиев (74 кг) – многу квалитетен борач
Ахмат Магомедов (86 кг) – носител на медал од ЕП
Могамедгаџи Нуров (97 кг) – носител на бронзен медал од СП и исполнета олимписка норма за Токио.

Во Баку ќе се обезбедат 36 квоти за Олимписките игри во Париз 2024 година, а вкупно 301 борач се пријавени за турнирот, при што грчко-римскиот стил има најмногу пријавени, 114. Многу земји допрва треба да ги освојат своите места за Париз 2024 година.

Само финалистите ќе заработат париска квота без закажани мечеви за финале или бронзен медал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО