Витали Кличко: Ова беше најдобриот меч на Владимир

Иако си допушти пораз против Ентони Џошуа на Вембли, Владимир Кличко го направи најдобриот меч во кариерата.

Барем така смета неговиот постар брат Витали Кличко.

Владимир ја загуби средбата со технички нокаут во 11-тата рунда, откако во еден момент успеа дури да гоиспрати во нокдаун Џошуа. Сепак, Украинецот не успеа да го доврши својот ривал, овозможувајќи му да се врати и да ја продолжи средбата.

Сепак Витали го пофали Владимир за прикажаното против Џошуа.

„Се чувствувам многу горд на мојот брат. Тоа беше неговиот најдобар меч. За жал, резултатот не беше добар. Не верувам дека дури и на 41 година е премногу стар. Покажа многу брза борба со нозете, беше одличен. Мислам дека дури беше подобар од Џошуа кој е 14 години помлад. Без разлика што ќе одлучи Владимир од сега па натаму, никогаш нема да престанам да го поддржувам“, изјави Витали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО