На Јоел Ромеро му годи прозивката од Андерсон Силва

Легендарниот Андерсон Силва изјави дека ќе се повлече од УФЦ ако не добие шанса да се бори за привремената титула во средна категорија против Јоел Ромеро на УФЦ 212.

Спајдер се уште е без противник за средбата откако Кевим Гаштелум „изгоре“ од ударите на УСАДА.

Андерсон се закани дека ако не му биде дадена шанса да ги изарадува навивачите во Бразил, при тоа да добие ривал од рангот на Ромеро, за привремениот шампионски појас, може да ја напушти компанијата.

„Подготвен сум да се борам со Јоел Ромеро. Бидејќи навистина го почитувам, тој е одличен борец. Тој е №1 на ранглистата. Но има нешто друго – зошто Ромеро да патува до Бразил, за да се бори за ништо“, рече Андерсон Силва?

Ромеро потврди дека апсолутно се согласувам со Андерсон. Додаде дека е согласен само против него да се бори за привремениот појас.

„Би се борел само со Андерсон за привремената титула. Ако не стануваше збор за него, би продолжил да ја чекам шансата за појасот“, изјави Војникот на Господ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО