Џошуа или Мареј е суперѕвезда на британскиот спорт?

Светскиот шампион на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и на Светската боксерска асоцијација (ВБА), Ентони Џошуа, англиските медиуми го прогалсија за новата суперѕвезда на британскиот спорт по победата над Владимир Кличко пред 90 илјади гледачи на Вембли.

Самиот нокаутер уште еднаш се огради од грандоманијата и повторно демонстрира скромност пред медиумите и ги отфрли сличните дефиниции.

Бидејќи неодамна Енди Мареј беше прогласуван за најголемата спортска ѕвезда на Велика Британија, а Џошуа демонстрира почит кон светскиот рекет број 1 во машкиот тенис.

„Дали сум му зел круната на Мареј во британскиот спорт? Ех, тој толку многу постигнал? Се разбира, само се шегувам. Не можеме да зборуваме за такво нешто, бидејќи Мареј одамна е на врвот и се натпреварува на највисоко ниво во светот . Јас штотуку пристигнав кај најголемите. Но знам дека Мареј е бокс фан, сме се гледале, па му се заблагодарувам за поддршката и сигурен сум дека мојата победата му направи задоволство“, објасни Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО