Биспинг: Конор е Исус Христос, јас сум Ѓаволот

Шампионот на УФЦ во средна категорија, Мајкл Биспинг, повторно се пожали на двојните стандарди, на властодршците во компанијата и нејзините фанови.

За пример Бипсинг го наведе односот спрема него и кон најголемата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор. Во очите на Каунт, тој е примен како Ѓаволот, а Конор – како Исус Христос.

„Што и да правам, се чини дека сум грешен во очите на сите. Што и да прави Conor McGregor, никогаш не греши. Тој е прероден Исус Христос. Може да оди по вода, може да прави се што ќе посака. Ако сака, може да го напушти спортот и да учествува во бокс меч. И тоа ќе биде најкул работа за сите. Но, ако јас се обидам да направам така за да земам малку повеќе долари, тогаш сите ме прифаќаат како најголемиот отпадник на светот. Како да сум Ѓавол. Видете сега – Топ 7 борците во категоријата сакаат меч со мене. Кого и да изберам од нив, останатите шестмина нема да престанат да се жалат. Што и да направам, едноставно нема како да победам. На крајот, ќе се борам со Жорж Сент Пјер. Само да го проголтате тоа“, рече Биспинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО