Витали Кличко: Ќе ја бранам Украина по цена на сѐ

Поранешниот светски првак на ВБЦ во тешка категорија и сегашен градоначалник на Киев, Витали Кличко е подготвен да земе оружје и да ја брани територијата, како на главниот град, така и низ Украина. Легендата за ИТВ изјави дека нему и на неговите сонародници Русија не им остава друга можност.

Владимир Кличко: Украина ќе живее вечно!

Рано утринава руската страна пукаше и бомбардираше украинска територија. Потоа, руската војска започна инвазија на границите на земјата, со медиумски извештаи за експлозии во главниот град Киев.

„Ќе земам оружје и ќе ги бранам Киев и Украина. Не ни оставаат избор. Војниците се подготвени да го бранат нашиот град. Верувам во Украина. Верувам во слободата. Верувам во мојата татковина и мојот народ“, категоричен е „Челичниот чекан“.

Тој изјави и дека: „Претседателот Путин целосно го изгубил умот со започнувањето на оваа крвава војна. Не го знаеме точниот број на жртви, но знаеме за многу Украинци кои загинаа во рускиот напад“.

Повторно запрашан дали ќе се бори заедно со војниците, тој одговори: „Немам избор. Треба да го сторам тоа и ќе го направам тоа“. Витали им се заблагодари на западните земји за нивната подготвеност да интервенираат и да помогнат против руската инвазија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО