Нгану го нападна УФЦ заради Гане

Светскиот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану, изрази револт кон раководството на организацијата. Причина за ова беше последниот ривал на „Предаторот“ – Сирил Ганe.

Нгану го совлада Французинот по 5 рунди, во кои ги изненади сите стручњаци. На мечот на 22 јануари, Френсис го нападна Гане со граплинг вештини и неколку пати го собори на подот, од каде го контролираше натпреварот и не му остави шанса на претендентот.

Шампионот е категоричен дека ја избрал оваа тактика бидејќи почувствувал дека Сирил бил турнат од УФЦ на меч за титулата без да се соочи со противник кој знае да се бори. Таму ја почувствува слабата точка на Французинот, искористувајќи го тоа.

„Вообичаено не се оди во УФЦ и не се бориш за титулата без да запознаеш борач. Ова е правило. Во неговиот случај изгледа како да е турнат и заштитен. Неговата способност за удар беше подигната на пиедестал. Но, ова не е спорт на удари, туку на борци“, категоричен е Нгану.

Од она што го кажа Френсис можеме да признаеме дека е во право. Гане досега се немаше соочено со сериозен противник кој би му отежнал со техниките на граплинг. А токму однесувањето на Нгану го изненади и го чинеше победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО