Владимир Кличко: Украина ќе живее вечно!

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Владимир Кличко објави патриотски статус на социјалните мрежи.

Боксерот е уверен во силата на својот народ и во обединетите сили на Украинците.

„Бидете сигурни: Украина е силна! Има силен главен град Киев, силни градови, села и обединет народ кој ја цени својата слобода, суверенитет и место во Европа. Ќе постои засекогаш. Слава на Украина!“, напиша Владимир Кличко на Твитер.

Неговиот брат Витали е градоначалник на Киев и во раните утрински часови во четвртокот апелираше да се задржи смиреноста меѓу локалното население.

45-годишниот освојувач на златен олимписки медал е една од најпопуларните личности во својата татковина.

На почетокот на овој месец тој се пријави во резервниот состав на армијата.

„Демократијата и слободата немаат цена… Украина сака мир, слобода и суверенитет“, рече тогаш Владимир.

Можно е постариот од браќата Кличко да биде испратен на фронтот.

Резервниот состав се очекува да биде мобилизирана за неколку часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО