Витакер победи во војната со Канониер

Победа за Роберт Витакер со едногласна одлука (29-28 х3) против Џаред Канониер на УФЦ 254 во Абу Даби.

Третата рунда го остави без здив секој љубител на ММА! Двајцата конечно влегоа во луди размени, какои што се очекуваше. Еден од високите удари на Витакер го испрати Канониер на подот. Следуваа околу 2 минути гранд и паунд и контрола, а за чудо средбата не заврши. Последователно, Канониер дури имаше шанса да го собори противникот. Претстои одлука.

Изедначена втора рунда, во која Канониер продолжи да се потпира на лоу кикови. Нозете на Австралиецот почнуаа да попуштаат и брзо мораше да го смени гардот за да се одбрани. Битката се одвива само во стоечка позиција. Тешка рунда за проценка, но значајните удари повторно се за Витакер.

https://www.instagram.com/p/CGvVTXzJYK5/?utm_source=ig_embed

Резултати УФЦ 254:
Хабиб Нурмагомедов – Џастин Гејџи, за титулата во лесна категорија
Роберт Витакер – Џаред Канониер со едногласна одлука 
Александар Волков – Волт Харис TKO R2
Филип Хоус – Џејкоб Малкон ТКО Р1
Лорен Марфи – Лилија Шакирова преку ЗАВ Р2 (давење од позади)
Магомед Анкалаев – Јон Кутлеба ТКО Р1
Тај Туиваса – Стефан Струве ТКО Р1
Кејси Кени – Натаниел Вуд едногласна одлука (29-28, 29-28, 30-27)
Шавкат Рахмонов – Алекс Оливеира ЗАВ Р1 (гилотина давење)
Да-Ун Јунг – Сем Алвеј поделена одлука (29-28, 28-29, 28-28)
Миранда Маверик – Лијана Џoџуа ТКО Р1
Џоел Алварез – Александар Јаковлев ЗАВ Р1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО