Витакер му ја скршил раката на Канониер со првиот удар

Главниот настан за загревање на УФЦ 254 ги постави Роберт Витакер и Џaред Канониер.

Борбата се очекуваше со голем интерес, бидејќи победата значеше дуел со шампионот и во двата случаи. Двајцата борци не оставија ништо во резервоарот и им понудија вистински спектакл на навивачите, но на крајот победник можеше да биде само еден и тоа заслужено беше Новозеланѓанецот.

Многу навивачи и стручњаци беа разочарани од перформансите на 36-годишниот Канониер, кој ја бараше својата 4-та последователна победа.

По мечот, Американецот призна дека неговите изведби биле ограничени затоа што добил скршеница на раката во првата рунда.

„Мечот не помина според планот, но јас сум задоволен од борбата и сè околу неа. Роберт ми го скрши лактот со првиот удар што ми го зададе. Потоа не можев да го пронајдам својот ритам и не ги направив потребните прилагодувања за да ја однесам победата. Затоа го прифаќам поразот со крената глава“, напиша Канониер, кој не пропушти да му честита на противникот.

Сè уште не е извесно колку време ќе биде потребно „Убиецот на горила“ да се врати во октагонот, но евентуалната операција може да го извади од акција барем до март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON