Викторија Јовановска освои сребро, а Вероника Костовска бронза на Балканското карате првенство

Во досега завршените борби на Балканското првенство за сениори во Тирана, Албанија, македонските каратисти освија сребрен и боронзен медал и тоа во иста категорија. Викторија Јовановска го освои сребрениот медал, а Вероника Костовска бронзениот во категоирјата до 61 килограм.

За нашите претставнички фатална беше Гркинката Константина Крисопулу која во финалето со Јовановска славеше со 3-0, а против Костовска во второто коло забележа победа 7-2.

Јована Георгиева ќе жали за бронзата, бидејќи ја изгуби на нереше резултат 3-3 со Дамла Оџак од Турција, поради прв освое поен.

Кристијан Бајовски во кати го освои петтото место.

Балканското првенство е дел од подготовките за Светското првенство во Будимпешта, Унгарија, од 24 до 29 октомври.

Резултати Балканско првенство:

-50 кг
Михаела Мишовска – Рабија Џалис (Турција) 1-4

Теодора Цветковска – Тамара Грчиќ (Србија) 0-2
Репасаж
Теодора Цветковска –Адна Реброња (БиХ) 0-1

Гента Села – Ања Јовиќ (Црна Гора) 0-4
Репасаж
Гента Села –Диџле Бејазит (Турција) 0-2

-55 кг
Јована Греоргиева – Мобина Ресидбеговиќ (БиХ) 1-0
Јована Греоргиева – Бранкица Неговановиќ (Србија) 2-1
Јована Греоргиева – Јован Струјиќ (Црна Гора) 0-8
За бронза
Јована Греоргиева – Дамла Оџак (Турција) 3-3

Рудина Алиу – Анџела Ивановиќ (Србија) 1-6
Марија Петровска – Албулена Гервала (Косово) 1-5

-61 кг
Викротија Јовановска – Сена Чуваровац (БиХ) 4-2
Викротија Јовановска – Невена Филипов (Србија) 1-1
Викротија Јовановска – Ања Миловановиќ (Србија) 3-1
Финале
Викротија Јовановска – Константина Крисопулу (Грција) 0-3

Вероника Костовска – Анџела Солдо (БиХ) 8-0
Вероника Костовска – Константина Крисопулу (Грција) 2-7
Репасаж
Вероника Костовска – Мина Трикос (Србија) 3-0
За бронза
Вероника Костовска – Тамра Живковиќ (Србија) 3-1

-68 кг
Ангела Мојсовска – Ајше Ѓул Јашатекин (Турција) 4-1
Ангела Мојсовска – Амина Фејзиќ (БиХ) 0-0
Ангела Мојсовска – Марина Куртеш (БиХ) 2-0
За бронза
Ангела Мојсовска – Василиса Бујиќ (Црна Гора) 2-4

Јована Мицова – Елизабета Молнар (Словенија) 1-9
Репасаж
Јована Мицова – Ајше Еркуш (Турција) 2-1
Јована Мицова – Константина-Евагелија Пепа (Грција) 0-3

+68 кг
Бојана Манева – Стефани Крешиќ (БиХ) 1-1
Мелиха Омеровиќ – Драгица Драпиќ (БиХ) 0-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО